Катастрофален податок: Клоп е вистински малер за финалиња! (ФОТО)

Германскиот тренер Јирген Клоп со поразот од 3-1 во финалето на Лигата на шампиони (ЛШ), уште еднаш покажа дека во финалињата не му оди најдобро.

Иако во текот на кариерата често ги предводеше своите екипи до финалињата во куп-натпреварувања, Клоп последен триумф во финале има во 2012. година, кога со Борусија Дортмунд го победи Баерн Минхен во финалето на Купот на Германија со 5-2.

Од тогаш до денеска, Клоп е немоќен. Финалето во 2013. година во ЛШ го загуби со 2-1 од Баерн на „Вембли“, а година подоцна загуби повторно од Баерн со 2-0 во финалето на Купот на Германија. Наредната сезона во финалето на Купот на Германија загуби со 3-1 од Волфсбург, а на почетокот на 2016. загуби и финале во Лига купот на Англија од Манчестер сити по пенали.

Истата година, беше поразен и во финалето на Лигата на Европа од Севилја со 3-1, а сега најновиот пораз му е од Реал Мадрид.

Инаку, Клоп во тренерската кариера има освоено пет трофеи, од кои два се во Суперкупот на Германија, две титули во Бундеслигата и еден Куп на Германија.