Касиљас до Роналдињо: Поради тебе страдав, но и уживав

Бразилскиот магионичар Роналдо одлучи да се пензионира, а мноуг негови колеги се согласуваат дека тој беше еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

„Роналдињо беше поталентиран и од Меси и Роналдо. Беше природен талент. Кога ќе му ја дадете топката, потезите и головите кои следеа беа како да се од друг свет“, вака во 2016 година за него зборуваше поранешниот соиграч Деко.

Тажна вест за фудбалот бидејќи сигурно можеме да кажеме дека Роналдињо беше фудбалер кој ја смени перцепцијата за тоа што и до каде играчите можат. Правеше со топката што сакаше, кога сакаше. Потезите и вештините од малиот фудбал ги пренесе на големиот терен.

А, и големите ривали му се поклонуваат, како што е легендарниот поранешен капитен на Реал Мадрид, Икер Касиљас.

„Поради тебе страдав, но како фудбалски вљубеник уживав во твојот фудбал“, порача Касиљас.

Роналдињо го освои Светското првенство, Копа Америка, Копа Либертадорес и Лигата на шампионите.