Касиљас: Да останев во Реал, ситуацијата ќе се влошеше уште повеќе

Легендарниот голман на Реал Мадрид, Икер Касиљас, вели дека би сакал да се врати во Шпанија, но не се кае поради тоа што си заминал од Реал Мадрид.

Касиљас вели дека неговата кариера во Реал ќе завршела уште полошо доколку и понатаму бил дел од клубот.

Три години подоцна, тој би бил воодушевен да се врати, како во дресот на Шпанија, така и во Реал.

„Да продолжев да играм во Реал, моето време таму ќе завршеше на многу полош начин. Ако ме повика сега Шпанија, би бил воодушевен да се вратам. Секако, истото важи и кога Реал би ме повикал, не можам да заборавам каде израснав“, изјави Касиљас.

Во анкетата која ја спроведе АС, дури 50 отсто од луѓето гласаа за да се врати Сан Икер повторно на голот на Шпанија. Тој во 2015 година се пресели во Порто, како втор во историјата на Реал по бројот на настапи за „кралскиот клуб“.