Касано откри колку гола очекува од Роналдо во Серија А

Кристијано Роналдо го комплетираше својот трансфер во Јувентус, па наскоро ќе го почне новиот предизвик во својата богата кариера.

Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид, Антонио Касано, кажа дека трансферот ќе му се исплати на Јувентус, но исто така дека „кралевите“ ќе играат одлично и без Роналдо.

„Ова е голем трансфер за Јувентус. Станува збор за фудбалер кој е секогаш фокусиран. Ќе остане запишан во историјата како еден од најголемите и тоа сигурно го заслужува, зашто го направи поради талентот и напорната работа. Ја имав честа да играм за Реал и знам како функционираат таму работите. Тие се поголеми од било кој друг шампион“, вели Касано.

Касано предвиде и колку гола ќе постигне Роналдо во Серија А.

„Роналдо има 33 години, но изгледа феноменално и сигурен сум дека во Серија А ќе постигнува по 30-40 голови во сезона. Алегри е најдобар можен тренер за Роналдо. Мислам дека трансферот ќе им се исплати на сите“, објаснува поранешниот напаѓач.