Карвахал во солзи: Претходните две сезони беа тешки, но повторно ќе победуваме!

Искусниот фудбалер Дани Карвахал синоќа го одигра последниот натпревар во дресот на Реал Мадрид, по што си заминува како слободен агент откако ќе му заврши договорот.

Карвахал имаше емотивно збогување со навивачите, па се распала на теренот и испрати моќна порака до публиката.

„Последните две сезони беа навистина тешки, но повторно ќе победуваме. Ова е Реал Мадрид, секогаш се враќаме посилни“, кажа Карвахал на збогувањето.