Кардиф го тужи Нант за убиство на Емилијано Сала!

Помина една година од смртта на Емилијано Сала, кој загина во авионска несреќа.

Аргентинскиот фудбалер потпиша за Кардиф, а откако се збогуваше со своите соиграчи во Нант, на пат кон Англија неговиот авион се урна во каналот Ла Манш. Од тој момент односите помеѓу Кардиф Сити и Нант се катастрофални, а денес истите кулминираа со тужба во која клубот од Велс го тужи францускиот тим за убиство на фудбалерот.

Кардиф одбиваше да ја исплати цената за неговиот трансфер во висина од 17 милиони евра, но ФИФА нареди велшкиот клуб да го стори тоа. По жалбата на Кардиф, таа сума е намалена на 6.1 милион евра, но велшкиот клуб одби да го стори тоа и реши да докаже дека не мора ништо да плати бидејќи Нант е одговорен за убиството на Сала, пишува француски „Л'Екип“.