Карантинот го „уништи“: Џеси Лингард не личи на себе (ФОТО)

На фризерите во Англија се уште не им е дозволено да работат, што претставува проблем за повеќето фудбалери.

Играчите скоро секоја недела посетуваа фризер, но откако беше прогласен карантин во Англија пред неколку недели, се се смени. Некои фудбалери дури и го прекршија карантинот и ги поканија фризерите во нивниот дом, за што беа сериозно казнети. Но, имаше и многу други кои ја почитувале клупската одлука.

Еден од нив е играчот на Манчестер јунајтед, Џеси Лингард, кој сега речиси никој не би го препознал. Со долга и бушава коса се „појави“ на Инстаграм, но за пофалба е тоа што не ги прекршил правилата на клубот.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

🚧 GOOD VIBES ONLY 🚧 #MUFC

A post shared by Manchester United (@manchesterunited) on