Капитенот на Арсенал одбил да замине со „топчиите“ на турнејата во САД

Капитенот на лондонски Арсенал и соиграч на македонскиот репрезентативен голман Дејан Илиев, Лоран Кошелни одбил да замине на предсезонската турнеја со „топчиите“ во САД, една година пред истекот на договорот.

Кошелни во последниов период беше поврзуван со трансфер во Бордо, Рен и Лион, па сега со оваа постапка практично сака да издејствува трансфер, што ептен ги разочара сите во Арсенал.

„Многу сме разочарани од постапката на Лоран, која е против нашите инструкции. Ние се надеваме дека проблемите ќе ги решиме и понатаму нема да коментираме ништо за сето ова“, објавија од „Емирати“.

Кошелни во Арсенал дојде во 2010 година за десет милиони фунти и досега има 353 меча. Наводно тој веќе има устен договор со Бордо, кој му нуди тригодишен договор.