Калчолигаш ѝ ги расип(ув)а плановите на Ц. Звезда за Илија Несторовски?

Македонскиот репрезентативен центарфор Илија Несторовски многу поизвесно е дека ќе остане во Серија А, отколку да се врати на Балканот, па новиот италијански калчолигаш Лече ќе биде неговата следна десетинација во кариерата со трансфер летово, најавија италијански медиуми.

На Апенините од пред неколку недели беше најавено дека белградска Црвена Звезда е сериозно заинтересирана за Несторовски за да се засили со искусен голгетер за новиот атак за пласман во групите во ЛШ, но сега „Кориере дело Спорт“ најавува дека ќе се случи пресврт и дека Лече е веќе извесна дестинација на „Несто-гол“. Лече има сериозни амбиции откако успеа да се врати во калчо-елитата, а покрај Несторовски го пакет од Палермо би го земале и Андреа Рисполи.

Несторовски во Италија дојде пред три години за 500.000 евра од Интер Запрешиќ во Палермо и многу брзо стигна до капитенската лента на Сицилија, но по казната сезонава и неуспехот да се обезбеди кам-бек во Серија А, веќе јасно е дека македонскиот центарфор ќе си оди од овој клуб. Италијанците потенцираа дека Палермо ја чека официјалната понуда на Црвена Звезда за Несторовски, но сега изгледа дека Лече и ги расип(ув)а плановите на белградската гордост и можно е многу брзо после завршувањето на обврските на Несто-гол со македонската репрезентација официјално да го потпише договорот.

Инаку пред неколку недели како опција за засилување на Лече се појави и името на Александар Трајковски, вториот македонски репрезентативец на Палермо. Несторовски летово се поврзуваше и со Сасуоло, Џенова, Болоња...