Најголемиот голгетерски ривал на Роналдо во Серија А ќе го засили Вест Хем!?

Вест Хем бодеше вистинска „борба“ во преодниот рок., „чеканите“ по секоја цена сакаа да го задржат Марко Арнаутовиќ во своите редови и успеаја во својата намера. Сега, нова цел на клубот е сензацијата од Серија А, Дуван Запата од таборот на Аталанта. 

Запата игра маестрална сезона во италијанското првенство и во моментов е трет стрелец со 16 постигнати погодоци, само два помалце од водечкиот Кристијано Роналдо. Во моментов, тој настапува за Аталанта како позајмен играч од Сампдорија, но тимот од Бергамо има опција да ги откупи целосно услугите на напаѓачот.

Според „Скај Спорт“, Вест Хем веќе испратил понуда од 40 милиони евра, која била одбиена. Дали Вест Хем ќе испрати нова, побогата понуда останува да се види, но тоа што е јасно е дека како што ќе се наближува летниот трансфер рок, така се повеќе гиганти ќе бидат заинтересирани за услугите на Запата.