Каков потег: Навивачите на Јуве му се поклонија на капитенот на Рома (ФОТО)

Иако Јувентус и Рома се големи ривали, нивните навивачи се на спротивставени страни, сепак почит кон големите имиња и иконите на клубовите сепак постои, а најдобар доказ за тоа е потегот на ултрасите на „старата дама“.

Јувентус вечерва игра против Аталанта меч кој е неважен за торинскиот великан, сооглед дека од поодамна ја обезбедија осмата шампионска титула во низа, а мечот го одбележа паролата за капитенот на Рома, Даниеле Де Роси, кој минатата недела објави дека после 18 години си заминува од матичниот клуб.

Де Роси беше дел од шампионската генерација на Италија од СП 2006, цел живот го мина во Рома.

„Збогум Де Роси. Прво човек, потоа фудбалер“, напишаа навивачите на Јувентус.