Како успеа Варди од бивш затвореник да му стане кошмар на Гвардиола? (ФОТО)

Тренерот Пеп Гвардиола доживеа тежок пораз со Манчестер сити против Лестер (2-5), по што треба да размисли за промена на некои работи во тимот.

Јунак на победата на „лисиците“ беше Џејми Варди, за кој британските медиуми прашуваат како успеа од поранешен затвореник да му стане најголем кошмар на еден од најдобрите тренери во историјата на фудбалот.

Човекот кој пред 13 години заврши во затвор поради тепачка, а набрзо излезе и мораше да носи електронска алка и така да игра шест месеци на теренот има неверојатна статистика против „граѓаните“.

Варди успеа да му даде три гола на три меча на Сити, што е навистина неверојатно, а покрај тоа стана и единствен фудбалер кој успеал да даде два хет-трика против тимовите на Гвардиола. Такво нешто претходно му успеа во 2016 година, кога Лестер славеше со 4-2.

Уште еден фудбалер кој постигна хет-трик против тимовите на Гвардиола е Лионел Меси, и тоа повторно против Манчестер сити.