Како реагираше „Сантијаго Бернабеу“ кога во игра влезе Лука Модриќ (ВИДЕО)

Не е никаква тајна дека Лука Модриќ имаше желба да го напушти Реал Мадрид летово и да се пресели во редовите на Интер. Сепак, очигледно е дека навивачите на „кралевите“ не му се лутат на Хрватот.

Фудбалерот од средниот ред синоќа влезе во игра на дуелот против Милан во 77-та минута на местото на Иско, а преполниот „Сантијаго Бернабеу“ го поздрави еуфорично со громогласен аплауз и стоечки овации. Очигледно е дека навивачите сакаат тој да остане и не му се лутат што флертуваше со италијанскиот тим.