Како Барди му продаде маалска финта на Жорди Алба (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Енис Барди немаше синоќа презабележителен настап за Леванте против Барселона, која со 5-0 триумфираше на мечот, а блесна во сиот свој сјај Лионел Меси, кој даде хет-трик и имаше две асистенции. Единствено што Барди остана запаметен од дуелот со Каталонците беше финтата со која го посрамоти шпанскиот репрезентативец Жорди Алба, кој остана да ја бара топката.