„Каде греши Гатузо со Елмас, ако Анчелоти во него виде – дијамант?“

Македонскиот бисер Елиф Елмас во јуни 2019 година дојде за македонски рекорден трансфер од Фенербахче во Наполи вреден 16 милиони евра плус бонуси, но на Апенините има блесоци, но и слаби настапи, па сето тоа се отвори дебата дали силно најавуваниот дијамант требало да биде ангажиран.

Елмас пред две недели имаше брилјантни два настапи со два гола за четири дена, ама во последниов период, неговите игри не се на нивото кое го очекуваат навивачите на наполитанците и медиумите, па многумина прашуваат дали Џенаро Гатузо греши со Елмас во позицијата која му ја поставува и каде Карло анчелоти виде дека станува збор за фудбалер кој е дијамант и суво злато.

Анчелоти, сега менаџер на Евертон, со кој има одлична сезона во Премиерлигата, па „карамелите“ се во битка и за место во ЛШ, беше човекот што инсистираше Елмас да дојде во Неапол по секоја цена, а иако тинејџер полека и постепено да го аклиматизира на тактичкиот фудбал на Апенините и да биде силен влог за иднината на клубот.

„Кога Наполи официјално го зема Елмас, ние новинарите бевме со Карло (Анчелоти – н.з.) и тренерот тогаш многу еуфорично и со голем ентузијазам коментираше: 'верувајте ми, донесовме – дијамант!' Карло беше убеден дека Македонецот е фудбалер од најголема вредност. Но, што се случува сега? Неговите настапи во последно време се разочарувачки, а прашање е дали и каде греши Гатузо? Кој е проблемот?“, вели Франческо Модуњо, еден од новинарите од Неапол во гостување на „Гол Шоу“.

Елмас откако дојде во Наполи, скоро да ги помина сите можни позиции во средниот ред, но најчесто е на десната страна во средниот ред, а неколкупати во немање на опција кај Гатузо доби и улога да игра како десно крило.