Јувентус враќа две големи ѕвезди од минатото

Јувентус иако има еден од најдобрите состави во Европа, сепак челниците на клубот постојано работат на ангажирање на нови засилувања.

Веќе не е тајна дека „Старата дама“ сака да го врати Пол Погба во своите редови, кого пред три сезони го продаде во Манчестер јунајтед. Французинот не е среќен на „Олд Трафорд“ поради кавгата со менаџерот Жозе Мурињо и наводно изразил желба да се врати во Торино.

Фудбалерот тоа им го признал на „тифозите“ на Јуве по натпреварот во Лигата на шампиони што се одигра во Торино, а на кој Манчестер јунајтед славеше со 2-1.

Јувентус е заинтересиран за уште еден свој поранешен фудбалер, а тоа е Артуро Видал. Чилеанецот нема голема минутажа во редовите на Барселона и наводно бил подготвен да си замине уште во јануари. Италијанскио тим би го дочекал назад со „отворени раце“, бидејќи Масимилијано Алегри сака да има голем избор во средниот ред за ротација.

Засега овие информации се во кругот на шпекулации, а ќе видиме дали ќе се остварат уште во јануарскиот преоден рок.