Јувентус во јануари тргнува по еден од најдобрите фудбалери на Тотнем

Масимилијано Алегри бара засилувања во средниот ред. Многуте повреди во составот го примораа да размислува за неколку нови играчи. 

Прв на листата на желби на италијанскиот шампион е Пол Погба, но засега таа опција е малку реална. Главниот оперативец за трансфери кај „Старата дама“, Фабио Паратичи ќе се обиде да го доведе Кристијан Ериксен во Торино.

Данецот е еден од најдобрите плејмејкери во Европа, а договорот со Тотнем му истекува во јуни 2020 година. Шпекулациите се дека тој нема намера да го продолжи договорот, бидејќи сака да игра во тим кој освојува титули.

Засега не се споменуваат цифри, но сигурно дека лондонскиот тим ќе сака добро да наплати ако се согласи на продажба. Кристијан Ериксен сигурно би бил фантастично засилување за Јувентус.