Јувентус во искушение: Стигна првата понуда за Пјаниќ!

Миралем Пјаниќ можно е да си замине од Јувентус. Францускиот шампион ПСЖ веќе ја испратил првата понуда за фудбалерот од средниот ред. Иако се уште нема официјална потврда од двата клуба, „светците“ понудиле 100 милиони евра за Босанецот.

Затоа Јувентус се наоѓа во искушение, сепак „бјанконерите“ не планираат лесно да се откажат од својот клучен фудбалер од средниот ред. Оваа сезона Пјаниќ повторно ја освои италијанската лига, но сезоната не одеше посакувано затоа што „старата дама“ не стигна до својата најголема желба, а тоа е освојувањето на ЛШ.