Јувентус во акција, Монако продава уште еден бисер!?

Монако е фантастичен на трансфер маркетот, па вообичаено купува млади играчи и потоа ги продава за вистинско богатство во наредните години.

Сега на ред очигледно дојде младиот Белгиец Јури Тилеманс, кој во Монако стигна минатото лето за 25 милиони евра.

Овој 21-годишен играч за една година во Монако покажа за каков талент станува збор, а сезонава постигна два гола за неговата екипа.

Како екипа која е најмногу заинтересирана за него се споменува Јувентус, кој нема да штеди пари за да го купи, па може да се очекува некоја огромна сума на пари.

Наводно, Јувентус не сака да чека до наредното лето, па ќе го купи младиот играч уште во јануари.