Јувентус во акција: Марота „полуде“ по играч на Валенсија

Италијанските медиуми пишуваат дека Јувентус е заинтересиран за фудбалерот на Валенсија, Карлос Солер, а директорот Џузепе Марота го означил како најголема желба за наредниот преоден рок.

Шпанецот кој ги помина младинските селекции на клубот од Валенсија, се приклучи на првиот тим на почетокот на минатата година, а во новата сезона во Ла Лига настапи на три натпревари и запиша две асистенции.

Спортскиот директор на Валенсија, Амедео Карбони, имаше само пофални зборови за Солер.

„Не ме чуди интересот на Јувентус бидејќи Солер е голем талент. Може да игра на било која позиција во средината на теренот, а не би ме зачудил ако дебитира за својата репрезентација годинава“, кажа спортскиот директор.

Инаку, Валенсија игра против Јувентус во првото коло од Лигата на шампиони во групата Х.