Јувентус владее со Торино: „Старата дама“ лесно ги скроти биковите (ВИДЕО)

Италијанскиот шампион Јувентус покажа и вечерва кој е газда во Торино, по триумфот во големото градско дерби против Торино со 4-0.

Пауло Дибала со два гола, како и по обичај беше предводник на Јувентус, а Миралем Пјаниќ, и Алекс Сандро додадоа по едне гол за убедлив триумф на „старата дама“, која лесно ги скроти биковите за да дојде до шестата победа во низа.

Само Јувентус и Наполи, кој се намачи кај Спал имаат максимален ефект од стартот на сезоната.