Јувентус ремизираше против аутсајдерот СПАЛ (ВИДЕО)

Јувентус пропушти голема шанса да му избега на Наполи на табелата во Серија А, откако одигра 0-0 на гостувањето кај СПАЛ.

Гостите го започнаа жестоко натпреварот, па се обидоа да стигнат до погодок, но ниту еден од сите шест обиди кои ги имаа не заврши во мрежата на СПАЛ.

Во вториот дел повторно целосна доминација на Јувентус, но повторно мрежите останаа да мируваат. Исто така домаќините немаа ниту еден удар кон голот на „старата дама“.