Јувентус продолжува да меле, Фиорентина ја торпедираше Сампдорија (ВИДЕО)

Со головите на Пауло Дибала и Хуан Куадрадо екипата на Јувентус забележа уште една победа во Серија А, Актуелниот италијански шампион овој пат славеше на домашен терен со 2-0 против екипата на Бреша која речиси немаше никакви шанси да се понадева на некакво изненадување.

Гостите останаа со играч помалку во 37. минута, а веднаш потоа примија гол, откако Дибала со маестрален шут од слободен удар успеа да го измами Андреначи. Потоа се беше рутина за „Старата дама“, која победата ја потврди во 75. минута со голот на Куадрадо. Инаку, Јувентис овој меч го одигра без Роналдо, кој доби поштеда од Маурицио Сари.

Со оваа победа Јувентус го превзема првото место на табелата со 57 бода, но и натпревар повеќе од тимот на Интер кој има 54, а мечот од ова коло го игра вечерва против Лацио.

Убедлив триумф забележа и Фиорентина, совладувајќи ја Сампдорија на гостински терен со 1-5. Во листата на стрелците се запишаа Влаховиќ и Киеза по два пати, како и несреќниот Торзби кој погоди во сопствената мрежа, додека за домаќините стрелаше Габиадини во 91. минута.

До значаен триумф дојде и тимот на Парма, славејќи на гости кај Сасуоло со 0-1.