Јувентус прави радикална промена на новиот дрес!? (ФОТО)

На социјалните мрежи се појави новиот дрес на Јувентус за идната сезона, а тој ќе биде многу поразличен од тој што го користат сезонава.

Дресот ќе биде споен од две бои - црна и бела, но тоа што посебно е забележително е розевата линија по средината на дресот.

Оваа боја се појавуви на дресот на Јувентус и пред три сезони, но тогаш станува збор за гостинската гарнитура.

Навивачите не се воодушевени, но сепак овие фотографии не мора ништо да значат, зашто Јувентус уште го нема потврдено изгледот на новиот дрес.