Јувентус потпиша договор со Кјелини до 2023!

Јувентус потврди дека искусниот италијански дефанзивец Џорџо Кјелини потпишал нов договор со поранешниот шампион до 2023 година.

Италијанските медиуми шпекулираа дека Кјелини ќе ја продолжи соработката на само една година, но тој потпиша договор до јуни 2023 година.

Кјелини и претходно кажа дека сака да остане во тимот, иако за него интерес покажа Реал Мадрид, кој го загуби долгогодишниот капитен Серхио Рамос.