Јувентус платил смешна отштета за да го земе Сари од Челси

Според последните информации, старо-новиот италијански шампион Јувентус платил само еден милион евра за да го ослободи Маурицио Сари од договорот со Челси. Италијанецот имаше откупна клаузула од шест милиони евра, но италијанските новинари тврдат дека „старата дама“ го ангажирала за многу помала сума.

Иако поранешниот тренер на Наполи имаше уште две години од договорот со Челси, сепак тој имаше огромна желба да се врати на Апенините. Сари помина една година на клупата на клубот од „Стемфорд бриџ“, а со „сините“ заврши трет во Премиерлигата и стигна до трофејот во Европа лигата.