Јувентус не може повеќе да го чека Рабио: Алегри ќе ангажира легенда на Арсенал!?

Јувентус се подготвува за јануарскиот преоден рок и нови засилувања, а иако се споменува Адриен Рабио од ПСЖ како едно од нив, сепак нема да има ништо од тоа бидејќи Италијанците не може повеќе да го чекаат

Шпанскиоте медиуми пишуваат дека Рабио најверојатно ќе се пресели во Ливерпул или Барселона, а „Старата дама“ ќе се фокусира на друг играч.

Јувентус планира да го ангажира Арон Ремзи од Арсенал, кој најверојатно ќе може да замине бесплатно од Арсенал на крајот на сезоната, но сепак тие ќе имаат конкуренција од Милан.

Поранешниот спортски директор на Арсенал, Иван Газидис му се приклучи на Милан, па „росонерите“ се исто така голем кандидат за неговиот потпис.