Јувентус наредното лето тргнува по уште една голема sвезда

Раководството на Јувентус планира да привлече уште една светска фудбалска Ѕвезда. Ова ќе се случи во летото 2020 година, пренесува „Газета дело Спорт“. На списокот на „бјанконерите“ има три големи имиња.

Станува збор за напаѓачите на ПСЖ, Нејмар и Килијан Мбапе, како и играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед Пол Погба.

Мбапе и Погба се исто така трансфер цели на Реал Мадрид, а Нејмар е посакуван од неговиот поранешен клуб Барселона.

Францускиот играч од средниот ред веќе играше во Торино во 2012-2016 година. Со Јувентус стана четирикратен шампион на Италија. Погба има договор со Манчестер Јунајтед до летото 2021 година.