Јувентус му нуди размена на Арсенал за да добие нов голгетер

Француските медиуми пишуваат дека Андреа Пирло сака да купи нов напаѓач, а изборот паднал на Александре Лаказет, кој наскоро би можел да го напушти Арсенал.

Јувентус е подготвен да го понуди Даглас Коста, кој веќе недели е еден од фудбалерите кои летово ќе го напуштат италијанскиот шампион.

Арсенал, наводно, за Лаказет бара 35 милиони евра, но би можел да се согласи на овој интересен предлог од Јувентус.