Јувентус ја почна сезоната со минимален триумф против Парма (ВИДЕО)

Минатогодишниот шампион Јувентус славеше на гостувањето кај Парма со 1-0 во првото коло од италијанската Серија А.

Џорџо Кјелини го постигна победничкиот гол за „Старата дама“ во 21. минута од мечот, а Парма не ги искористи своите четири шанси кои ги имаше во првото полувреме за израмнување.

Во вториот дел Јувентус создаде неколку шанси кон противничкиот гол, но резултатот остана 1-0.