„Јувентус ја освои титулата во Серија А уште пред пет кола“

Јувентус по седум освоени титули по ред во Серија А и оваа сезона доминира во првенството. Актуелниот првак веќе има осум бодови предност пред најголемиот конкурент Наполи. 

Поранешниот фудбалер на „Старата дама“, Мауро Герман Каморанези е убеден, дека Јувентус веќе ја освоил титулата и дека нема шанси да ниту еден тим да го стигне.

„Борбата за титулата е завршена уште пред пет натпревари“, вели Каморанези. „Причината е многу едноставна, Јувентус изминатово лето напредуваше многу. Наполи, кој можеше минатата сезона да ја направи многу интересна, не напредуваше. Не гледам како би можеле да надоместат негатива од осум бодови“, додава поранешниот фудбалер.

Тој исто така смета дека со доаѓањето на Кристијано Роналдо, Јувентус конечно има шанса да ја освои и Лигата на шампиони.

„Роналдо има неверојатно влијание. Јувентус немал таков играч уште од времето на Зинедин Зидан. Сигурно му донесе нешто повеќе за овој тим да може да ја освои Европа. Зборуваме за играч кој е подготвен да преземе одговорност кога највеќе треба“, завршува Каморанези.