Јувентус има конечна одлука: Алегри ќе замине од клубот!?

Јувентус во првиот меч од осминафиналето од Лигата на шампиони загуби со 0-2 од Атлетико Мадрид, а тоа предизвика голем број критик на сметка на тренерот Масимилијано Алегри.

Доколку Јувентус биде елиминиран од елитното европско натпреварување, тоа ќе значи дека Алегри на крајот на сезоната ќе го напушти Торино, а на негово место се очекува нов тренер.

Како најсериозен кандидат се споменува Зинедин Зидан, а со заминувањето на Алегри, ќе бидат продадени уште тројца фудбалери, меѓу кои се Алекс Сандро, Марио Манџукиќ и Пауло Дибала.