Јувентус и со втора постава лесно преку Болоња (ВИДЕО)

Јувентус оствари победа од 2-0 на гости кај Болоња и се пласираше во четвртфиналето на Купот на Италија. 

Масимилијано Алегри реши да им даде минутажа на неколку играчи кои се во втор план како Мојс Кин, Федерико Бернардески, Емре Џан, кој се врати од повреда, но и Леонардо Спинацола. И со ваков „шарен“ состав, „Старата дам“ дојде до лесен триумф.

Федерико Бернардески погоди во деветата минута за 0-1, а победата ја обзбеди Мојс Кин во 49-тата минута. Во финишот во игра влегоа и Кристијано Роналдо и Пауло Дибала иако натпреварот веќе беше решен.

Во четвртфиналето Јувентус ќе игра против подобриот од Аталанта - Калјари.