Јувентус го продава Дибала на најголемиот ривал, но има еден проблем!?

Јувентус не сака премногу да размислува и соопшти дека ќе го продаде Пауло Дибала, а Џузепе Марота инсистира Интер да го донесе талентираниот фудбалер, иако постои еден голем фудбалер.

„Старата дама“ го договори Арон Ремзи од Арсенал, кој ќе пристигне наскоро во тимот и ќе потпише договор на пет години и ќе добие плата од девет милиони евра.

Па, поради тоа Јувентус сака да се ослбоди од Дибала, кој нема премногу големо влијание на играта по пристигнувањето на Кристијано Роналдо, а тоа ќе се обиде да го искористи Интер, но проблем за нив претставува сумата, која ја бараат „бјанконерите“.

Наводно, Јувентус бара 130 милиони евра за Дибала, а тоа во моментов за Интер е преголема сума, па доколку не успеат да соберат пари или не ја намалат неговата цена, тогаш ќе пропадне уште една нивна желба.