Јувентус ги објави деталите од прегледите за повредата на Роналдо

Италијански Јувентус експресно после повредата на Кристијано Роналдо синоќа во Лисабон против Србија објави дека не е сериозна повредата на португалскиот ас, па после лекарските прегледи било констатирана „ситна повреда“.

Јувентус во кратката информација за лекарскиот билтен на Роналдо, прегледите покажале „очигледна ситна повреда“ на мускулни влакна на задната ложа.

„Неговата состојба ќе биде следена и дополнително ќе бидат направени нови прегледи за да се утврди кога ќе биде подготвен за настап“, објавија од Јувентус.

Роналдо вчера после ремито со Србија (1-1), објави дека не станува збор за сериозен проблем и дека очекува пауза од една до две недели. Првиот меч на Јувентус со Ајакс во Лигата на шампионите е на 10 април, за точно две недели, па Роналдо би можел да игра на истиот.