Јуве се врати на врвот: Дибала влезе од клупата за резерви и го реши Милан (ВИДЕО)

Милан одигра одличен меч на гостувањето во Торино, но сепак Јувентус успеа да слави со 1-0 во италијанското дерби, па тие три бода му беа доволни за повторно да го скокне Интер и да се врати на врвот на табелата.

„Росонерите“ се бореа храбро против италијанскиот шампион, па создадоа неколку шанси,но мрежата на Шчесни остана да мирува во првите 45 минути.

На стартот на второто полувреме тренерот на Јувентус, Маурицио Сари сите ги изненади, откако реши да го замени Кристијано Роналдо во 55.минута со Пауло Дибала, кој го постигна победничкиот погодок во 77. минута.

Јувентус е на врвот на табелата во Серија А со 32 бодови, односно еден повеќе од второпласираниот Интер, додека Милан е на катастрофалното 14. место.