Јуве нема да ја избегне кризата: Роналдо е на потег - има две опции!

Многу европски клубови се најдоа во огромни финансиски проблеми откако сезоната беше прекината поради пандемијата на коронавирусот.

Се предвидува дека финансискиот удар ќе ги зафати клубовите во најсилните европски лиги, па ти ќе загубат многу пари поради прекинот на сезоната.

Италијанските медиуми пишуваат дека Јувентус би можел да добие уште поголем удар и покрај тоа што реши да ги намали платите во следните месеци и да заштеди околу 90 милиони евра.

Проблемот е во Кристијано Роналдо, кој годишно заработува по 30 милиони евра, но по кризата со која се соочува светот, не е јасно дали Јувентус ќе може да му плаќа толку многу пари.

Според медиумите, „Старата дама“ се надева дека Роналдо ќе се согласи на намалување на платата или во спротивно ќе мора да биде продаден.