Јунајтед со пресврт се избори за финале во ФА Купот (ВИДЕО)

Фудбалерите на Манчестер јунајтед славеа со 2-1 во првото полуфинале од ФА купот против Тотнем и така се изборија за пласман во финалето.

Попладнево на „Вембли“ двете екипи одиграа одличен натпревар и прикжаа од сѐ по нешто, а на крајот се радуваше тимот на Жозе Мурињо, иако поведе оној на Маурисио Покетино.

Деле Али во 11-та минута погоди за 1-0, а веќе во 24-та Алексис Санчез изедначи на 1-1. Во вториот дел, поточно по еден час игра, Андер Ерера ги постави конечните 2-1.

Јунајтед во големото финале ќе игра проти подобриот на дуелот Челси-Саутемптон.