Јунајтед плаќа огромно богатство за фудбалер на Кристал Палас

Англискиот новинар Данкан Кесис објави дека Манчестер јунајтед се согласил на условите на Кристал Палас за трансфер на десниот бек Ерон Ван-Бисака.

Одличниот англиски фудбалер го воодушеви цел свет со своите настапи во лондонскиот тим, па Јунајтед е еден од фаворитите за неговиот потпис.

„Ѓаволите“, наводно, се согласиле да платат 61 милион евра за Ван-Бисака, па така тој треба да стане второ засилување за екипата од „Олд Трафорд“, која претходно го ангажираше Даниел Џејмс од Свонси.