Јунајтед нема да го толерира Лукаку: Белгиецот ќе плати „дебела“ казна!

Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Ромелу Лукаку ќе биде парично казнет затоа што го пропуштил тренингот во вторник.

Белгиецот претходните два дена тренираше со Андерлехт. Со оглед на тоа дека „ѓаволите“ имаа слободен ден во понеделник, па не е проблем тоа што Лукаку тогаш тренираше во татковината.

Сепак, „Би-Би-Си“ пишува дека 26-годишниот напаѓач ќе биде казнет, зашто го пропушти тренингот на Јунајтед во вторник. Наводно, Лукаку ќе мора да плати 400.000 фунти, а тоа е максимална казна за неоправдано пропуштање на тренинг.