Јунајтед може да го купи Варан, но само доколку му плати богатство на Реал Мадрид

Манчестер јунајтед го посакува дефанзивецот на Реал Мадрид, Рафаел Варан, но ќе мора да платат огромно богатство за францускиот дефанзивец.

Тренерот Оле Гунар Солшер има неколку желби во одбраната, зашто не е задоволен со моменталната екипа, па една од нив е токму Варан.

Сепак, „кралевите“ порачале дека Јунајтед може да го добие Варан само доколку плати неверојатни 430 милиони фунти, што е невозможно.

Тоа значи дека „ѓаволите“ најверојатно ќе тргнат по некое друго засилување во одбраната, а засега со нив се поврзуваат Хари Мегваер и Калиду Кулибали.