Јунајтед ја одреди цената: Пол Погба е невозможна мисија за гигантите

Францускиот репрезентативец Пол Погба веќе некое време се поврзува со заминување од Манчестер јунајтед, но шпекулациите во медиумите сè уште не се остварија.

Практично нема ден англиските медиуми да не го спомнат Погба, а Јувентус се надева на негово враќање во Торино.

Спортскиот директор на „Старата дама“, Фабио Паратичи веќе работи на трансферот, тој е во постојан контакт со Мина Рајола, но е свесен дека францускиот играч од средниот ред тешко дека ќе може да ги засили „бјанконерите“.

„Дејли Стар“ денес објави дека Манчестер јунајтед бара 145 милиони евра за Погба, сума што речиси никој не би ја платил за Французинот.

Факт е дека Погба не беше многу брилијантен во последно време, а има и чести проблеми со повреди, па со сигурност може да се каже дека цената утврдена од „црвените ѓаволи“ е дефинитивно превисока.