Јунајтед го промовира третиот дрес – бојата е ептен изненадувачка (ФОТО)

Во пресрет на вториот меч од новата сезона, управата на Манчестер јунајтед ја промовира третата гарнитура дресови за претстојното првенство, која и не беше баш добро прифатена кај навивачите.

Станува збор за изборот на светло зелената боја, каква што досега не била користена од „ѓаволите“. Веднаш почнаа и шеговитите коментари за новите дресови, меѓу кои отскокнува еден.

„Бојата е идеална за ден од фудбалерите, кои сега полесно ќе може да се загубат на теренот, односно да се кријат од топката без да бидат забележени од тренерите и навивачите“, напиша еден од фановите на Јунајтед.

Составот од „Олд Трафорд“ новата сезона ја почна со домашен пораз од Брајтон (1-2), кој ќе се обиде да го анулира на утрешното гостување кај Брентфорд.