Јовиќ: Со Зидан не можев да се разберам поради јазикот

Лука Јовиќ се врати во таборот на Ајнтрахт Франкфурт и веднаш постигна три гола на два натпревари на кои влезе од клупата за резервни играчи. 

Србинот имаше ужасни 18 месеци во дресот на Реал Мадрид за кои постигна само два гола. Сите се чудеа на неговата лоша форма, но и малата минутажа што ја добива од Зинедин Зидан иако Реал Мадрид за него плати 60 милиони евра. 

„Имав многу несреќа во Реал Мадрид, неколку повреди, приватни проблеми за кои дел бев јас виновен и дел за кои воопшто не бев виновен. Сакав да се вратам тука да играм и да бидам среќен. Тоа е предност за играчите, кога имам доверба од тренерот и кога играм често“, рече Јовиќ, кој истакна дека напредувал во играта иако не поминал долго време на теренот, но тренирањето со ѕвездите на Реал Мадрид му помогнало.

Германските новинари сакаа Србинот да направи споредба помеѓу Зинедин Зидан и актуелниот тренер на Франкфурт, Ади Хитер надевајќи се дека голгетерот ќе каже нешто лошо за тренерот на „кралевите“.

„Не би навлегувал во детали. Сигурно дека двајцата се феноменални тренери. За Зидан веќе и реков дека е искрен и феноменален човек. Со Ади имам подобра комуникација, бидејќи двајцата зборуваме англиски. Со Зидан немав добра комуникација, бидејќи тој не зборува англиски, а јас не знам шпански. Двајцата се одлични тренери и прекрасни личности“, додаде напаѓачот.