Јовиќ направи трансфер од 60 милиони, а Ајнтахт заработи само 20 милиони евра!?

Српската ѕвезда Лука Јовиќ во изминатава недела и официјално го комплетираше трансферот од Ајнтрахт Франкфурт во великанот Реал Мадрид, вреден 60 милиони евра, па беше презентиран пред навивачите на „Сантјаго Бернабеу“.

Трансферот доаѓа само два месеци откако германскиот бундеслигаш го откупи Јовиќ од Бенфика, а сега кога навивачите на полуфинлистот во Лига Европа се понадеваа дека паметко ќе се инвестираат парите, следеше шок. Претседателот на Ајнтрахт се пожали дека од трансферот на Јовиж инкасирале само една третина – 20 милиони евра.

„Многу се зборува за таа сума од 60 милиони евра. Но, не е баш така. Тука е делот за Бенфика. Па потоа, кога ќе ги одземеме даночните обврски, па тоа што им припаѓа на менаџерите... И така на нас ќе ни останат 20 милиони евра ќар“, вели Патрик Фишер, претседателот на Ајнтрахт.

Инаку, Германците од Бенфика го откупија Јовиќ за шест милиони евра, ама ги задржаа 30-те отсто за следен трансфер и сега добија 18 милиони евра.