Јирген Клоп го „избриша“, но четири премиерлигаши се „тепаат“ за неговиот потпис

Изминатите четири сезони Дејан Ловрен беше стандерден во дефанзивната линија на Ливерпул, но кај менаџерот Јирген Клоп сезонава тој е четврти избор помеѓу стоперите. 

Германецот го форсира Џо Гомез крај стандардниот Вирџил ван Дајк, а тука е и Жоел Матип, па Хрватот доаѓа на последно место. Со одиграни 18 натпревари сезонава во сите конкуренции, Ловрен сака поголема минутажа.

Тој има уште една година од договорот со актуелниот европски шампион, а неговата цена на фудбалскиот пазар изнесува 18 милиони фунти. Интерес за Хрватот има од четири премиерлигаши што доаѓаат од Лондон, а тоа се Арсенал, Тотнем, Кристал Палас и Вест Хем.

Лацио исто така беше заинтересиран за Ловрен, но фудбалерот преферира да остане во Англија. Стоперот претходно во кариерата играше за Саутемптон, Лион и Динамо Загреб.