„Јас сум фудбалер, тренер и претседател! Проблем е само што земам една плата“

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ беше пресреќен по победата на Милан против Јувентус од 4-2. Неговата екипа губеше со 0-2, но потоа успеа да направи неверојатен пресврт.

По мечот Ибрахимовиќ беше среќен и имаше кажа дека би ја освоеле титулата ако пристигнел на почетокот на сезоната.

„Среќни сме. Да бев тука од почетокот на сезоната, ќе ја освоевме титулата. Стар сум, тоа не е тајна, но годините се само бројка. Ми оди добро, се обидувам да му помогнам на тимот“, кажа Швеѓанецот.

Италијанските новинари ги интересираше дали се подготвува за тренерска кариера, по што Ибра даде урнебесна изјава.

„Јас сум претседател, фудбалер и тренер! Единствен проблем е што добивам само една плата“, кажа Ибра.