„Јас бев најлошо засилување на Челси, но Кепа нема никаква конкуренција!“

Кепа Аризабалага стана најскап голман во 2018 година кога пристигна во Челси, но од тогаш не покажа ништо посебно и постојано ги разочарува навивачите, а дополнително ги налути со грешката против Ливерпул за 0-2.

Поранешниот фудбалер Крис Сатон зборуваше за неговата кариера, па се спореди со шпанскиот чувар на мрежата.

„Јас бев најлошо засилување на Челси, кој ме купи за 10 милиони фунти. Се преселив во Лондон во 1999 година, но не се прославив и потоа ме продадоа во Селтик за шест милиони фунти. Се случуваат такви работи, некогаш е најдобро да заминете. Може како утки да ги сметате Фернандо Торес и Андриј Шевченко, но Кепа нема конкуренција. Тој прими 11 голови од последните 16 удари кон неговиот гол“, вели Сатон.