„Јас барам еден играч, во Јунајтед ми носат сосема седми и после се жалат загубиле 700 милиони!“

Екипата на Манчестер jунајтед е далеку од нивото на кое играше под раководство на легендарниот Сер Алекс Ферусон, кога секоја сезона се бореа за титула. Од тогаш поминаа седум години, се сменија неколку звучни менаџери, но тимот од „Олд Трафорд“ никако да тргне на победничките патеки.

Многумина за неуспесите го обвинуваат раководството на тимот, пред се извршниот директор Ед Вудворд, а еден од оние кои прстот го насочија кон него е и Луис ван Гал.

Поранешниот менаџер на „црвените ѓаволи“ го обвини клубот за неуспесите што ги доживува од пензионирањето на Фергусон. Се потрошија многу пари, но претежно за играчи кои си заминаа за кус период, а такви беа Мемфис Депај, Морган Шнајдерлин...

Манчестер јунајтед немаше квалитет да стане шампион и имаше застарена екипа со десет играчи над 30 и пет над 35 години. Затоа им реков дека ќе го подмладам тимот и изјавив кои играчи ми требаа. Не ги добив. Потрошија 669 милиони евра, но не донесоа ниту еден играш кој го барав јас, а се надевам и моите наследници, истакна Ван Гал за „Вотебал интернешнл“.