Јаховиќ со гол во стилот на Погба обезбеди бод за Коњаспор (ВИДЕО)

Македонскиот интернационалец Адис Јаховиќ имаше уште еден фантастичен настап за Коњаспор на домашен терен во дербито против Јени Малатјаспор (1-1).

Екипата на Јаховиќ имаше за нијанса подобар настап од големиот ривал, но нивните неискористени шанси ги казни Даниел Алексиќ во 74. минута за водство од 1-0 за Јени.

Јаховиќ го спаси својот тим од пенал во 85. минута, откако го изведе казнениот удар во стилот на Пол Погба, па ги постави конечните 1-1.

Коњаспор во моментов е шестопласирана со 33 бодови на табелата, односно еден помалку од четвртата позиција, која обезбедува пласман во Лигата на Европа за наредната сезона.